Нашата компанија

Успешната семејна бизнис приказна Слога Пром започна да се развива во 1990 година од Кавадарци каде и денес е лоцирана. Градењето на Слога Пром се потпира на единствената цел – да внесеме на пазарот избор од вкусна, здрава и лесна за подготовка, замрзната храна. Преку главната дејност – трговија на големо и мало, увоз и дистрибуција на прехранбени производи и со пуштањето во употреба на погонска единица за препакување на замрзнати производи, Слога Пром стана компанија препознатлива во овој сектор по системот за управување со квалитет и новосоздадениот бренд „Слога”. прочитај повеќе>

Нашите производи

Портфолиото на Слога Пром е богато и разновидно, исполнето со тоа што е барано на пазарот и од потрошувачите. Пакуваните производи под брендот Слога вклучуваат риба, пилешко, свинско и говедско месо. Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога е петнаесетина, со годишен капацитет од околу 3.500 тони. Уште поразновидна е и понудата од рефусни производи како пилешко, свинско и говедско месо и риба, а дополнително, дел од асортиманот на производи се и помфрит, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла.

СТАПИ ВО КОНТАКТ

Ако имате какви било прашања или сакате да ни пишете, пополнете го формуларот овде. Нашиот тим ќе ви одговори во најбрз можен рок.