Донација од 400 пакети од Слога Пром за семејствата во социјален ризик по повод Бајрам

Дониравме 400 пакети со замрзнати месни производи за семејствата од исламска вероисповед кои се во социјален ризик, по повод празникот Бајрам. Распределбата на донираните производи се одвиваше преку ИВЗ Скопје, Џамиски одбор Кавадарци и преку Хуманитарна група граѓани од муслиманска вероисповед во Битола.

Велигденска донација од 600 пакети со прехранбени производи за семејства во социјален ризик

По повод велигденските празници, дониравме 600 пакети со прехранбени производи наменети за семејствата кои се во социјален ризик. Донацијата што се состоеше од замрзнати месни производи и зеленчук беше распределена низ повеќе градови од државата, Кавадарци, Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово, Неготино, Демир Капија, Прилеп како и околните села. Поради пандемијата со Ковид-19 многу семејства […]

Поддршка на Проект Среќа со донација од прехранбени производи на социјално загрозени семејства

Го поддржавме Проект Среќа снабдувајќи ги со пакети прехранбени производи семејствата кои се во социјален ризик вклучени во проектот во текот на првата сезона. Како компанија што работи со храна повеќе од 30 години, веруваме дека секој треба да има еднакви услови за достоинствен живот, а храната никогаш и за никого не треба да биде […]

Донација на интерактивни табли за посебните паралелки во ОУ Страшо Пинџур Кавадарци

Со новогодишна донација од интерактивни табли за основното училиште Страшо Пинџур во Кавадарци, го олеснивме и унапреди образовниот процес во инклузивните одделенијата. На овој начин се овозможи учениците полесно да ги совладуваат наставите содржини, со што ќе се подобри квалитетот на наставата и пренесувањето на едукативните содржини. Како дополнување на оваа донација, обезбедивме и 300 […]