Со новогодишна донација од интерактивни табли за основното училиште Страшо Пинџур во Кавадарци, го олеснивме и унапреди образовниот процес во инклузивните одделенијата. На овој начин се овозможи учениците полесно да ги совладуваат наставите содржини, со што ќе се подобри квалитетот на наставата и пренесувањето на едукативните содржини.

Како дополнување на оваа донација, обезбедивме и 300 новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства.