Кога купувачот избира одреден производ, тоа го прави врз основа на многу критериуми, но првиот што му остава најсилен впечаток е – пакувањето. Токму тoa е „одговорнo“ за првиот контакт и не е чудно зошто производителите вложуваат многу труд да ги следат трендовите на пакувањата коишто ќе бидат актуелни во тековната година. Зашто, само оригинално дизајнирана амбалажа, различна од вообичаеното, ќе го привлече купувачот, а производот и брендот ќе се издвојуваат од мноштвото други стереотипни производи во продавниците. Животните навики на потрошувачите постојано се менуваат, па така мора да се менува и дизајнот на пакувањата. Токму трендовите во стиловите на дизајнот многу често предизвикуваат промени кои ги менуваат вообичаените карактеристични стилови во одредена категорија на производи. Поинаков пристап кон дизајнот веднаш го привлекува вниманието на потрошувачите. Следејќи ги овие правила, Слога  Пром за своите најбарани производи создаде нови, модерно дизајнирани пакувања. На овој начин, секој производ од широката палета на замрзнатото месо доби нов визуелен идентитет, со амбалажа специфична по боја и дизајн, што овозможува секој потрошувач лесно и брзо да може да одбере производ кој му е потребен. Новата амбалажа согласно стандардите за пакување на овој тип производ е со исклучителен квалитет и издржливост при ниски температури, бидејќи ниската пропустливост на топлина и светлина е особено важна за замрзнатите производи.

26.10.2021