Замрзнувањето на храната е добро воспоставен процес за зачувување што ги обезбедува квалитативните и нутритивните карактеристики на храната на подолг период. Како најстар и најпознат метод на конзервирање на храната, без употреба на какви било додатоци, замрзнувањето својата примена ја има и денес, дури и во далеку поголем обем и со поголемо значење. Наспроти општо прифатената претпоставка дека се што е свежо има поголема хранлива вредност, е заклучокот дека колку е постоена и изложена храната, толку повеќе ги губи нутритивните својства. Затоа, замрзнатата храна може да има поголема хранлива вредност ако е замрзната брзо и ефикасно, бидејќи на тој начин се спречува губењето на хранливите карактеристики. Слога Пром при складирање на замрзнатото месо се раководи според потврдени и препорачани светски стандарди и технологии за безбедност на храната. Следењето на високите стандарди и знаењето за специфичните карактеристики на секој вид месо се најважни при обезбедување највисок квалитет на замрзнатата храна. Во ладилниците на Слога Пром има повеќе комори кои функционираат на температурен режим во голем распон, од +4 до -22 степени, и производите се селектираат во зависност од типот и својствата. Се складира замрзната и разладена роба, при што се применуваат најсовремени стандарди кои се регистрирани и лиценцирани според светски регулативи за храна. Стандардите и техничката опременост на ладилниците го гарантираат одржувањето на производите во потребните услови и ја задржуваат нивната првобитна свежина и на патот до потрошувачите. Слога Пром ги воведе најновите европски и светски трендови во декларирањето и означувањето на производите според HACCP и GS1 и ги следи иновациите и трендовите во третирањето и дистрибуција на храната со ниски температури на безбеден и квалитетен начин.

25.01.2021