Го поддржавме Проект Среќа снабдувајќи ги со пакети прехранбени производи семејствата кои се во социјален ризик вклучени во проектот во текот на првата сезона.

Како компанија што работи со храна повеќе од 30 години, веруваме дека секој треба да има еднакви услови за достоинствен живот, а храната никогаш и за никого не треба да биде недостаток. Тоа може да се постигне само со масовна помош, заедничка и безрезервна поддршка. Затоа веруваме дека со нашата донација ќе поттикнеме и други да се вклучат во иницијативата на Проект Среќа. Нашата донација се состои од замрзнати месни производи, риба и зеленчук, според потребите на семејствата.

Проект Среќа со поддршка од македонските компании обезбедува живеалишта за семејства со деца кои живеат во исклучително тешки и нехумани услови.