Замрзнатите производи стануваат се поприсутни во секојдневната исхрана, а достапноста на различни видови замрзната храна ги прави погодни за користење за секого. Во овој сектор на замрзнати производи, месо и зеленчук, брендот Слога зазема голем удел на пазарот. Пилешко, свинско и говедско месо, риба, помфрит, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла спакувани како Слога замрзнати производи се достапни во малопродажниот ланец низ целата држава. Компанијата е лоцирана во Кавадарци и со пакување и дистрибуција на замрзнати производи се занимава веќе 30 години. Како семеен бизнис, проширувањето и растењето, започнува локално, за денес да биде еден од предводниците на домашниот пазар за пакувани, замрзнати производи. Како една од првите компании што влегува во овој, тогаш сè уште непознат и неразвиен сектор, за успешноста на бизнис идејата пресудна беше примената на современи технологии и селекцијата во набавување првокласни и висококвалитетни производи. “Влегувајќи во еден сектор кој има традиција во зачувување храна на подолг период, истовремено знаевме дека оваа традиција сега е подложна на нови методи и иновативни технологии и дека тоа е предуслов за гарантирање на квалитетот и следствено освојување на пазарот. Затоа, секоја инвестиција во развојот на Слога Пром беше во нови технологии и современи методи за чување, дистрибуција и пакување на замрзнатите производи. Сега располагаме со еден модерен систем кој започнува од набавка, пакување, декларирање, пакување и дистрибуција на нашите производи”, вели Ласко Јованов од Слога Пром.

11.02.2021