По повод велигденските празници, дониравме 600 пакети со прехранбени производи наменети за семејствата кои се во социјален ризик. Донацијата што се состоеше од замрзнати месни производи и зеленчук беше распределена низ повеќе градови од државата, Кавадарци, Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово, Неготино, Демир Капија, Прилеп како и околните села.

Поради пандемијата со Ковид-19 многу семејства го изгубија изворот на егзистенција и помошта за нив беше главната причина за оваа донација, покрај желбата којашто е во духот на овој голем празник.