Успешната семејна бизнис приказна Слога Пром започна да се развива во 1990 година од Кавадарци каде и денес е лоцирана. Градењето на Слога Пром се потпира на единствената цел – да внесеме на пазарот избор од вкусна, здрава и лесна за подготовка, замрзната храна. Преку главната дејност – трговија на големо и мало, увоз и дистрибуција на прехранбени производи и со пуштањето во употреба на погонска единица за препакување на замрзнати производи, Слога Пром стана компанија препознатлива во овој сектор по системот за управување со квалитет и новосоздадениот бренд „Слога”.

Почетоците на создавање на компанијата првенствено беа со целосен ангажман на помал број вработени, а со секоја нова инвестиција или зголемување на обемот на работа, пропорционално растеше и нивниот број, за денес да изнесува 120 вработени.

Слога Пром низ годините создаде богато и разновидно портфолио, пред сè исполнето со сето она што е потребно на пазарот, барано од потрошувачите и според нивните желби и потреби. Според различните преференции, нуди пакувани производи под брендот Слога кои вклучуваат риба, пилешко, свинско и говедско месо.

Слога Пром денес претставува модерна компанија на пазарот во Северна Македонија што работи за задоволување на потребите на современиот потрошувач, применувајќи ги најновите знаења и стандарди за пласман на квалитетна, здрава и безбедна замрзната храна.