Општествена одговорност

Работата на компанијата има поголемо и пошироко значење од примарната функција и обезбедувањето економски развој на заедницата. Големината и значењето на една компанија се гледа во општествениот ангажман и во пренесување на корпоративните вредности на заедницата и граѓаните за и тие да ги почувствуваат придобивките од работењето на компанијата. Затоа, враќањето на заедницата е од исклучителна важност за Слога Пром. Преку нашата општествено одговорна практика, создаваме придобивки за пошироката заедница и за граѓаните и токму оваа функција е една од најважните за Слога Пром. Со таквата компаниска политика, ние создаваме подобри услови за нашите вработени, за семејствата, за нашите сограѓани и за сите што сме дел од оваа заедница, град, општина и држава.

Општествената одговорност е во суштината на нашето работење и затоа делуваме во повеќе важни сфери од општеството: спортот, културата, образованието и социо-економскиот сегмент. Се стремиме кон што е можно поширок опсег и влијание во подобрување на сликата на заедницата и низ годините успеавме да развиеме активен и ангажиран однос со цел подобрување на условите и состојбите еднакво за сите.

Редовно поддржуваме проекти што се од јавен интерес и од важност за општественото живеење како на локално така и на национално ниво.

Имаме долгогодишна соработка со Банката за храна во Кавадарци, преку којашто континуирано донираме производи од нашиот асортиман за семејства и поединци во социјален ризик.

Во делот на спортот, активни поддржувачи сме на фудбалскиот клуб ГФК Тиквеш Кавадарци и на ракометниот клуб ГРК Тиквеш Кавадарци.

Ја поддржуваме и културата и придонесуваме за заживување на истата. Како една од нашите активности во овој дел се истакнува спонзорството на Меѓународна ликовна колонија „Кавадарци – Михајлово“ и Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“-Битола.

Активни сме во поддршката и помагањето на верските храмови. Од наша страна доделени се донации за изградба на повеќе црковни објекти низ Тиквешијата и за изградба на црквата Св. Петка во Кавадарци.

Тиквешкиот гроздобер претставува продолжување на една долга и богата традиција посветена на виното. Оваа најзначајна стопанско-културно-туристичка манифестација со години наназад е поддржувана од Слога Пром.