Производствени капацитети и инвестиции

Моменталната бројка на пакувани производи од брендот Слога е приближно петнаесетина, со годишен капацитет од околу 3 500 тони препакувана роба. Исто толку разновидна е понудата и од рефусни производи (пилешко, свинско, јунешко месо, риба, помфрит, зеленчук, овошје, млечни производи и растителни масла), со што понудата вклучува околу 160 производи. Активното портфолио континуирано се проширува со она што недостига на пазарот и што е барано од купувачите и соодветно се зголемува и бројот на нови производи.

Покрај застапеноста на производите на Слога Пром на домашниот пазар, согласно развојната стратегија компанијата активно работи на проект за пласман на производите и во земјите во регионот, што значи дека во иднина ќе се промовира и како извозно ориентирана компанија.

Како резултат на брзорастечкиот процес и големата побарувачка на пазарот во земјата, во 2017 година беше пуштен во употреба новиот капитален објект – ладилник со јавен царински склад. Објектот е составен од три дела, односно 4700 м2 расположлива површина. Ладилникот содржи комори кои функционираат на температурен режим од +4 до -25 степени целзиусови, со голем капацитет за складирање замрзната и разладена роба, со што вкупниот складишен капацитет е 5000 палетни места.

Слога Пром, покрај инвестирањето во капитални објекти и човечки ресурси, истовремено инвестира и во нови технологии, опрема и зголемување на возниот парк во согласност со потребите и побарувачката на пазарот.

Последен новитет од компанијата се новите, модерно дизајнирани пакувања за делот пилешки и рибни производи од брендот Слога.

Поместувањето на границите во категоријата во која работи отсекогаш бил приоритет во корпоративната стратегија на Слога Пром. Постојаното воведување нови производи според барањата на пазарот прават  брендот Слога да биде прв избор на потрошувачите. Во таа насока е и воведувањето нов дизајн на пакувањата, со што компанијата се оддалечи од индустрискиот изглед што преовладува во овој сегмент производи на пазарот, а воедно додава и модерен, современ изглед, повисок стандард и визуелен идентитет.