Спротивно од општо прифатеното мислење, замрзнатата храна може да биде далеку подобар и похранлив избор отколку свежата храна. Зошто е тоа така? Бидејќи замрзнатата храна при замрзнување го задржува нивото на хранливите состојки во моментот кога е замрзната, односно нема промени во содржината на јаглени хидрати, протеини или маснотии. Тоа значи дека кога ќе дојде време да се одмрзне и приготви, нејзината хранливост ќе биде иста како и пред да биде замрзната. Друга предност на замрзната храна е тоа што таа ‘нема’ рок на траење. Замрзнатата храна може да трае неодредено долго време, без да ја изгуби својата хранливост. Свежата храна, доколку се консумира веднаш по бербата односно во најкраток можен рок по изложување на амбиентален воздух има најголема хранлива вредност. Колку подолго е изложена на амбиентален воздух, таа ги губи своите хранливи состојки. Конзервираната храна пак, губи огромен дел од своите хранливи состојки бидејќи поминува низ поинтензивен термички третман за да биде ставена во конзерва и да трае. Овој тип храна покрај термичкиот третман, поминува и низ процес на стерилизирање. А тоа пак резултира со поголема загуба на хранливи материи. Заклучокот е дека, на долг рок, замрзнатата храна претставува похранлив избор од свежата и конзервираната храна, секако доколку е правилно замрзната и чувана.

16.03.2021